Тимот на Teva за решенија за потрошувачи и глобална анализа на потрошувачи започна да тестира дали поврзаните уреди би можеле да доведат до подобрувања на здравјето и да дадат поголемо чувство на контрола над болеста. Резултатот беше прва здравствена студија поврзана со пациенти со MS и план за идна инвестиција во дигиталното здравје.
Тимот избра три технологиии: паметен рачен часовник за следење на активноста, систем за спиење за мерење на времетраењето и квалитетот на спиењето и интелигентна вага за регистрирање на промените во тежината и составот на телото.
Пристапот донесе некои неочекувани согледувања. Поради начинот на кој беше осмислена студијата, учесниците можеа да бидат во меѓусебна интеракција. Како што забележа еден од членовите на тимот, "Настана чувство на градење заедница каде што луѓето си помагаа. Започнаа да се формираат вистински врски меѓу луѓе кои никогаш не се сретнале и кои живееја во различни делови на земјата. Беше фасцинантно да се гледа".
Идентификување на вистинските партнери
Традиционално, ваквиот вид истражување би се извело како клиничка студија, но тимот знаеше дека тоа би чинело милиони долари, при што само ангажирањето учесници би траело со месеци. Teva создаде комерцијален пристап, истражувајќи ја целокупната кориснист на уредите во контекст на специфичната популација на пациенти.
Беше клучно да се идентификува надворешна страна која е исто толку ангажирана како и глобалниот тим. Teva создаде врска со тимот во Withings (сега во сопственост на Nokia) кој помогна со уредите и аналитиката на собраните податоци, како и со тимот на C Space Health кои можеа да ги најдат учесниците и да помогнат во водењето на нивоата на ангажираност.
C Space Health беше флексибилен за соработка. На барање на тимот на Teva, тие создадоа онлајн-портал на заедница за учесниците. Тоа му овозможи на тимот да го истражува контекстот на податоците кои ги собираа, обезбедувајќи дека наученото од студијата би можело да се примени во иднина. Исто така, тие спроведоа детален план за учење заснован на редовни активности и анкети за да им помогне да го разберат искуството на луѓето со интелигентни уреди, вклучувајќи ги нивните ставови околу тоа што претставува "добар" или "лош" ден со MS и нивните генерални чувства за добросостојбата.
Придобивки од објективните податоци
По петмесечна ангажираност, учесниците во студијата ги споделија своите мислења. Она што Teva го слушна на крајот на краиштата од пациентите беше дека тие се чувствувале како да имаат поголемо видно поле над својата болест бидејќи им биле дадени објективни податоци кои тие вообичаено претходно никогаш не би ги виделе.
За Teva, студијата откри важни согледувања на можностите кои ги нуди дигиталното здравје и другите интервенции без лекови, отворајќи го патот за идна инвестиција и истражување.
На пример, тимот на Teva откри дека, иако типичните системи за следење на начинот на вежбање се поставени на зглобот, луѓето со MS честопати имаат проблем со стабилноста, па така кога шетаат, држат бастун или го држат за рака сопругот или сопругата. Кога тоа е случај, нивната рака не се ниша, па системот за следење не ги регистрира чекорите. Јасно е дека кога се создаваат уреди за носење за популацијата пациенти, уредите треба да се приспособат подобро.
Подобрување на чувството на пациентите
Спроведеното истражување ќе ги информира идните решенија за Глобалниот тим за марка за MS. Исто така, имаше согледувања кои би можеле да бидат релевантни за големиот број други хронични болести кои ги поддржува Teva. Поголема иницијатива е да им се помогне на луѓето да се чувствуваат подобро.
NPS-ALL-NP-00015 МАЈ 2018 ГОД.