Соработка со здравствените работници и здравствените организации
Со цел почитување на високите етички стандарди, а во согласност со очекувањата на пациентите, на јавниот сектор и другите чинители во здравствениот систем, фармацевтските компании низ цела Европа се обврзаа на објавата на пренос на вредностите на здравствените работници и здравствените организации со усвојување на ЕФПИА кодексот и Medicines for Europe Кодекс.
ПЛИВА, како компанија посветена на одржување на односите со здравствените работници и организации, целосно ја поддржува заложбата на Европската федерација за фармацевтска индустрија и нејзиното Здружение на иновативни производители на лекови (EFPIA), како и организацијата Medicines for Europe, во јавната објава на пренесените вредности на индивидуален здравствен работник или здравствена организација.
Односот помеѓу фармацевтската индустрија и здравствените работници и организации заснован на здрави темели, е во најдобар интерес за пациентите. EFPIA Кодексот и Medicines for Europe Кодексот за објавување на податоци, донесени се со цел за заштита на интегритетот на овие односи и претставуваат чекор напред во промовирање на поголема транспарентност и градењето посилна доверба помеѓу фармацевтската индустрија, медицинската заедница и општеството, низ цела Европа.
EFPIA Кодексот за објавување на податоци е официјален кодекс на однесување за Здружението на иновативни производители на лекови, кој има за цел да воспостави видливи и јасни правила и процедури на кои членовите на Здружението се должни да се придржуваат при спроведување на активности за огласување на лекови кон здравствените работници, на начин што ќе обезбеди што е можно повеќе професионално и етичко однесување, како и транспарентност во третманот со цел да се постигне рационална фармакотерапија и да се обезбеди квалитетна здравствена заштита насочена кон благосостојбата на пациентите. Во согласност со Кодексот, сите членки на EFPIA објавуваат податоци за преносот на вредности на здравствените работници и здравствените организации.
Повеќе информации за EFPIA Кодекс може да најдете на нивните официјални веб-страни.
Кодекс на однесување на организацијата Medicines for Europe за интеракција со здравствената заедница (The Medicines for Europe Code) има за цел да постави рамка на стандарди и принципи кои промовираат доверба, одговорно однесување и почитување помеѓу фармацевтските компании и здравствената заедница, вклучително и здравствени работници, здравствени организации, пациенти и организации на пациенти.
Повеќе информации за Medicines for Europe кодексот може да најдете на нивните официјални веб-страни.
Страници на Teva каде што се достапни информации за сите други членови на пациентот - Global patient advocay engagement