Внатрешни анализи спроведени од Global Insights, Access & Technologies за процена на бројот на потрошувачи на Teva . од август 2016 година и април 2019 година
Фокусирани на вашите потреби
Едноставна, унифицирана Teva нуди прилагодливи и достапни решенија за пациентите
Нашата мисија е да бидеме светски лидер за генерички и биофармацевтски производи и да им овозможиме подобар живот на пациентите во целиот свет. Повеќе од еден век, здравствените работници, пациентите и негователите ги користат лековите на Teva.
Teva им заштедува на пациентите и на здравствените системи милијарди долари секоја година со тоа што нуди достапни генерички алтернативи на брендираните лекови. 01 Денес, секој деветти рецепт за генерички лек во САД 02 , секој шести рецепт за генерички лек во Обединетото Кралство 03 и секој осми во Германија 04 е производ на Teva.
Се стремиме да создадеме иновативни специјализирани терапии. Последниве неколку години, лансиравме лекови со кои се покриваат потребите кај мигрена и нарушувањата во движењето.
Заедно со нашата обемна понуда на производи, опфатот на нашата работа е она што ја прави Teva глобален лидер. Испорачуваме над 3.500 различни производи до пациенти во повеќе од 60 земји. 05 Нашето портфолио е меѓу најголемите од која било фармацевтска компанија во светот. Секојдневно, речиси 200 милиони луѓе во светот земаат лекови на Teva 06 и над 1 милион издадени рецепти дневно во САД се производи на Teva. 02
За да допреме до нашите пациенти во Лос Анџелес или Лима, Монтевидео или Москва, глобалниот ланец на снабдување на Teva е меѓу најголемите и најсложените од било која фармацевтска компанија. Нашата мрежа од 43.000 вработени и 70 глобални производствени центри работи деноноќно. 05 Секој час полетува авион, тргнува брод или камион испорачувајќи лекови на Teva до аптеките и болниците. Наша амбиција е нашите пациенти да го добијат вистинскиот лек онаму каде што им треба и тогаш кога им треба.
Нашето лидерство го формираат нашите луѓе и нашата култура, кои останаа верни на нашите скромни почетоци. Уште од основањето на Teva во 1901 година во Ерусалим, нашето лидерство се карактеризира со упорност, претприемачки дух и желба да се подобри животот на луѓето. Подготвени сме и понатаму да го подобруваме здравјето на генерации пациенти на Teva уште многу години.
Студија за економско влијание на MGA (MGA Economic Impact Study) од јуни 2017 година
Засновано на IQVIA NPA - Generic TRx од Corp – MAT март 2019 година
Податоци во архива: UKMED180180 vCertification 1.2 DOF 148a 1 од 6 кутии на рецепт
Генеричка асоцијација Pro Generika, засновано на пресметка на IGES од 2018 година (INSIGHT Health)
Извор на податоци за одреден број производи: Глобални операции на Teva
Внатрешни анализи спроведени од Global Insights, Access & Technologies за процена на бројот на потрошувачи на Teva . од август 2016 година и април 2019 година